23/04/2024
Охрид

Георгиески: Посветени сме на подобрување на инфраструктурните услови за жителите на Лескоец

Посветени сме на подобрување на инфраструктурните услови за жителите на село Лескоец.
Денеска продолжуваат започнатите градежни активности за асфалтирање на улици.
Минатата година со средства од општинскиот буџет беше поставена нова канализациона мрежа.
Општина Охрид и во текот на наредниот период ќе продолжи со инвестиции во руралните населени места со цел да се обезбедат подобри услови за живеење, вели градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.