25/04/2024
Охрид

Георгиески: Продолжуваме интензивно да работиме за подобрување на сообраќајната инфраструктура

Продолжуваме интензивно да работиме за подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот. Со поставување на вториот асфалтен слој на коловозот финишираат градежните активности за реконструкција на улицата која минува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“.

Во текот на изминатиот период беше извршено поставување на атмосферска канализација и се изврши уредување и поплочување на тротоарите од двете страни на улицата. поред планираното, наскоро ќе биде поставена соодветна сигнализација и осветлување, вели градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.