23/04/2024
Охрид

Георгиески: Со одговорна и посветена работа ќе го зачуваме сјајот на Охрид и ќе овозможиме вистински развој на туризмот

Остануваме посветени на исполнување на препораките на УНЕСКО и покажуваме вистинска грижа за запирање на деградацијата на нашиот регион. Донесовме План за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, кој доследно го почитуваме.
Во моментот се работи на отстранување на бесправните објекти од плажите, кои тековно ќе се уредуваат согласно сите препораки за заштита на природата.
Изготвена е нова Стратегија за развој на туризмот и континуирано вложуваме во поддршка на туристичкиот сектор.
Само со одговорна и посветена работа ќе го зачуваме сјајот на Охрид и ќе овозможиме вистински развој на туризмот.