16/04/2024
Охрид

Георгиески: Успеавме ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ да го претвориме во репрезентативно училиште со значително подобрени услови за настава

Проектот „Обуки за напредни технологии во автомобилската индустрија“ кој ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ ќе го имплементира во соработка со компанијата „Костал“ и со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија е од исклучително значење за создавање на подобри услови за практична настава во техничките струки, но и за креирање на квалификуван кадар кој ќе може да одговори на потребите за стручна работна сила на компаниите.

Општина Охрид секогаш е подготвена да даде поддршка на вакви иницијативи и да стимулира ваков вид на соработка.

Особено сум горд што преку голема посветеност на локалната самоуправа и раководството на училиштето, успеавме ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ да го претвориме во репрезентативно училиште со значително подобрени услови за настава, се со цел да се зголеми бројот на ученици кои ќе се одлучат за стручно образование.