29/03/2024
Охрид

Георгиески: Го честитам празникот Богојавление-Водици, да се воздржиме од масовни собири и групирања

Драги сограѓани, ја користам оваа прилика да ви го честитам утрешниот празник Богојавление-Водици, а воедно и да апелирам се воздржиме од масовни собири и групирања при негово прославување. Оваа година поради пандемијата со Ковид-19 ќе се одржуваат само утрински богослужби во црковните храмови и во таа прилика потсетувам на задолжително придржување на препораките за заштита од вирусот Ковид-19.

Сега здравјето е најважно, оваа година да празнуваме со најблиските, а следната во поголем број да ја продолжиме традицијата, апелира градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.