ГФК Охрид есенски шампион во Втората МФЛ
Во рамките на 15. коло од Втората македонска фудбалска лига, денес во Виница се одигра натпреварот меѓу Слога Виница и ГФК Охрид Лихнидос. Охриѓани успеаја да слават 0:2 на гостински терен, со голови на Албнор Каба и Андреј Ристовски, со што ја потврдија својата лидерска позиција на табелата.
Со оваа победа, Охрид Лихнидос ја завршува есенската полусезона како првопласиран тим со 36 освоени бодови. На второто место се наоѓа Шкендија Арачиново со 35 бодови, додека Брегалница Штип е трета со 33 бодови.
Есенската титула е потврда за амбициите на охридскиот клуб да обезбеди пласман во Првата лига, а денешниот триумф во Виница е уште еден чекор кон таа цел.
WebOhrid / 07.12.2025
