19/04/2024
Охрид

Голем интерес кај охриѓани за презентацијата со тимот на очната болница Систина

Голем интерес кај охриѓани за денешната презентација и бесплатни консултации со тимот на очната болница Систина Офталмологија на тема катаракта и корекција на диоптрија.

На денешниот настан кој во организација на Црвен крст Охрид, а под модераторство на Огнен Јанески, се одржа во просториите на Здружението на пензионери во Охрид и во Црвен крст Охрид, доктор Викторија Филева даваше конкретни, јасни и корисни совети и одговори на бројните прашања од присутните за начините и можностите за третман на катаракта и ласерска корекција на диоптрија, но и за глаукомот и други очни заболувања.