16/04/2024
Македонија

Голем ЗОО маскенбал по повод Денот на шегата

Во недела (31 март), во пресрет на празникот на шегата – 1 Април, во Скопје ЗОО ќе се одржи голем детски маскенбал со почеток во 12:00 часот.

Забавата ќе започне со едукативна еколошка детска претстава „Зеленковци“, а потоа ќе има парада на маски и подароци за секое маскирано дете. Најдобрите маски ќе бидат наградени.

Влезот за маскенбалот е 50 денари, односно редовна цена на влезница во Зоолошка градина Скопје.