Горивата со нови цени – дизелот повторно поскапува
Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,41%.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 98,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 95,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,901 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,311 ден/кг.
