20/04/2024
Македонија

Горивата со рекордно високи цени, на полноќ истекуваат намалената акциза и ддв за нафтените деривати

Со оглед дека вечерва на полноќ истекува времетраењето на намалената акциза и данокот на додадена вредност за соодветните нафтени деривати (Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата и Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка).

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која изврши усогласување со законските прописи кои ќе бидат на сила од полноќ со што малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 7,96%.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 9,00 ден/лит.

Безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 9,50 ден/лит.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 9,00 ден/лит.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,50 ден/лит.

Мазутот М-1 НС останува со иста цена.

Од 1.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 104,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 106,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,640 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и курсот на денарот во однос на доларот, во денешната пресметка (31.05.2022) се исти со претходната пресметка од 30.05.2022, односно во денешната пресметка извршена е промена само на акцизите и данокот на додадена вредност, дефинирани со прописите за акцизи и данокот на додадена вредност.


WebOhrid / 31.05.2022 / Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги