29/03/2024
Охрид

Градежните активности на улицата „Абас Емин“ се одвиваат со непрекинато темпо

Денеска започна поставувањето на првиот асфалтен слој на дел од коловозот на потегот од крстосницата со улицата „Охридска бригада“ кон крстосницата со улица „Железничка“. На овој потег претходно беа финализирани активностите за поставување на целокупната подземна инфраструктура, беше извршено тампонирање на подлогата и се поставија нови рабници.

Во рамки на овој значаен инфраструктурен проект интензивно се работи на поставување на цевководите од главната линија на атмосферската, фекалната и водоводната мрежа и се врши поединечно приклучување на домаќинствата.

Според планираното, комплетната реконструкција улицата „Абас Емин“ се очекува да заврши пред почетокот на годинешната летна сезона.