Градоначалниците на Дебрца и Струга одржаа работна средба
Долгогодишниот проблем за поврзување меѓу Дебрца и Струга конечно добива решение.
На работната средба меѓу градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, беше договорено започнување на асфалтирањето на патниот правец Требеништа – Мислешево.
Средбата се фокусираше на инфраструктурниот предизвик кој со години ги оптоварува жителите на Дебрца, а кој претставува клучна врска со Струга. Градоначалникот Ќура информираше дека во наредниот период ќе започнат градежните активности, со што ќе се обезбеди сигурно, брзо и безбедно поврзување за населението од регионот.
Со оваа иницијатива, локалните власти најавуваат крај на долгогодишниот проблем и нова перспектива за подобра комуникација и развој меѓу двете општини.
