Градоначалникот Георгиески изразува жалење за загубата на младиот ракометар Никола Даниловски

Изразувам искрено жалење за загубата на младиот ракометар Никола Даниловски.

Даниловски како чувар на мрежата на ракометниот клуб на Охрид ги помина сите младински репрезентативни категории, а се наоѓаше и на поширокиот список на репрезентативци на сениорската репрезентација.

Загубата е ненадоместлива, упатувам искрено сочувство до фамилијата.