19/04/2024
Охрид

Градоначалникот Георгиески оствари средба со заменик шефот на мисијата од Американската амбасада

Денес, градоначалникот Константин Георгиески оствари средба со заменик шефот на мисијата од Американската амбасада, Џенифер Литлџон. На средбата се разговараше за тековните проекти кои ги реализира општина Охрид. Соговорниците разговараа и за препораките од УНЕСКО, за кои градоначалникот Георгиески истакна дека најголем дел се завршени, а другите активно се спроведуваат. Беше разговарано и за долгот на општината и странските инвестиции во градот. Шефот на мисијата, Литлџон, ја истакна својата поддршка за реализацијата на предвидените проекти и својата подготвеност за давање идеи кои ќе придонесат полесно спроведување на проектите.