25/04/2024
Охрид

Градоначалникот Георгиески положи цвеќе на споменикот на Илинденските борци во Велгошти

Чест ми е што вечерва, во пресрет на големиот празник Илинден, одадов почит и положив свежо цвеќе на споменикот на Илинденските борци во селото Велгошти.
Овој празник е темел на нашата историја и наша потврда дека сплотеноста и заедништвото се основа за големи подвизи.
Да го чуваме и негуваме споменот на сите борци за слобода, како аманет за идните поколенија. Да славиме и празнуваме уште многу години!