Градоначалникот Кирил Пецаков ја посети компанијата „ОДВ Електрик“

Во посета на компанијата „ОДВ Електрик“ , денес, беше градоначалникот Кирил Пецаков. Во рамки на посетата оствари средба со генералниот менаџер, Огнен Цубалевски, кој го запозна со процесот на производство на фабриката и со идните планови за развој на компанијата во Охрид.

Бројот на вработени во моментов  во „ОДВ Електрик“ е околу 800 луѓе што ја прави еден од најголемите работодавци во регионот. Градоначалникот Пецаков, ја изрази благодарноста што компанијата го одбрала токму ова место за инвестирање и ја истакна подготвеноста на Локалната самоуправа да се излезе во пресрет на нивните потреби се со цел забрзан развој и зголемување на бројот на вработени во компанијата.

Во изминатиот период компанијата „ОДВ Електрик“, дел од својот производствен капацитет кој се наоѓа во Украина, го има префрлено во Охрид и со тоа бројот на вработени во изминатиот период е пораснат за неколку стотини.

Претходно, градоначалникот Кирил Пецаков, испрати официјално писмо со кое ги повикува странските компании кои веќе имаат инвестирано во  Охрид, доколку своите производствени капацитети од Украина ги преместуваат, нивниот избор да биде Охрид, бидејќи во Општина Охрид може да гледаат како на партнер кој ќе им излезе во пресрет за остварување на нивните планови.

ODV_15042022001ODV_15042022002ODV_15042022003


WebOhrid / 15.04.2022 / Општина Охрид