19/04/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески домаќин на учесниците од Еразмус+ програмата

Денес градоначалникот Ногачески беше домаќин на учесниците од тимовите на Грција, Турција, Шпанија и Португалија, кои во рамките на проектот #play2adapt од Еразмус + програмата, учестваат на втората мобилност, чиј домаќин е нашето основно училиште.

Првата средба се одржа во градот Невшехир, Турција, во Декември, минатата година.

„Посакувајќи им топло добредојде и убав престој во нашата општина и држава, гостите ги запознав со профилот на нашата општина, нејзините природни убавини, богатото историско, културно и археолошко наследство, по кои општината не случајно е дел од светското природно и културно наследство, заштитено од УНЕСКО.

На сите учесници им посакав успешна имплементација на проектните активности, притоа несомневајќи се дека ќе бидеме добри домаќини и дека гостите ќе заминат со убави впечатоци од Дебрца и Македонија.

Имплементацијата на вакви проекти има особено значење за нашата општина и училиште, посебно за нивната меѓународна промоција и афирмација.“ – изјави градоначалникот Ногачески по средбата.