23/04/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески и претседателот на Советот на општина Дебрца приредија Ифтарска вечера

Синоќа градоначалникот Зоран Ногачески заедно со претседателот на Советот на општина Дебрца Петре Голабоски, приредија Ифтарска вечера за сограѓаните од муслиманска вероисповед.

„Заблагодарувајќи им се на присутните им го честитав светиот муслимански месец и претстојниот празник Рамазан Бајрам.

Ова се денови кога треба сите да си подадеме рака еден на друг, да бидеме исполнети со меѓусебно почитување, разбирање и солидарност.

Во различностите треба да е нашата сила, бидејќи сите како луѓе сме еднакви пред Бога.

Честитајќи им ги претстојните празнувања на присутните им посакав многу здравје, среќа, семеен мир, хармонија и благосостојба.“ – рече градоначалникот Ногачески по вечерата.