19/04/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески меѓу жителите на Мешеишта и Лактиње за Илинден

Со црковно-народни собири, селски слави и други свечености жителите на Дебрца во повеќе места го одбележуваат и празнуваат големиот христијански празник и Ден на Републиката, 2 Август – Илинден.

„Денес присуствував на црковно-народниот собир во манастирот “Св.Илија”, во местноста “Илинче” , село Мешеишта, како и во село Лактиње, каде заедно со претставници на Сојузот на борците од НОАВМ Охрид и Дебрца и Месната заедница положивме цвеќе и се поклонивме пред Спомен обележјата од Илинденското востание и од НОБ. За многу години да е !“- напиша на ФБ профил, градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.