29/03/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески на средба со жителите на Велмеј

Градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески синоќа оствари средба со жителите на село Велмеј. Тој пред пристутните жители на село Велмеј го претстави Урбанистичкиот план за селото.

„Ги слушнав дел од проблемите и приоритетите за селото. Голем дел од нив се од таква природа и ќе можеме за бргу да ги решиме.“– вели градоначалникот Ногачески.