29/03/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески на средба со ЗП од Охрид и Дебрца

Градоначалникот на Општина Дебрца, денес присуствуваше на средбата на раководството на Здружението на пензионерите за Охрид и Дебрца со Месните ограноци за Дебрца, која се одржа во салата за седници на советот на општина Дебрца.

„Со пензионерите разговаравме за сите прашања кои ја тангираат оваа популација. Ја изразив мојата поддршка за сите активности на пензионерите, посебно потенцирав дека општина Дебрца, согласно своите програми ќе обезбеди финансиска поддршка за Здружението, поддршка во организацијата на планираните излетнички екскурзии на пензионерите, поддршка на чествувањето на настани и јубилеи, подобрување на примарната здравствена заштита.“- вели градоначалникот Ногачески,

Градоначалникот Ногачески најави дека во текот на годината, откако ќе се усвои потребната методологија, ќе се обезбеди еден ден во текот на неделата бесплатен јавен превоз на пензионерите од селата во Дебрца до Охрид.