19/04/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески оствари средба со градоначалникот на Елбасан

Вчера во Елбасан, Република Албанија градоначалникот Ногачески оствари средба со Градоначалникот на градот Елбасан, Qazim Sejdini.

На средбата Градоначалникот на Елбасан беше запознаен со профилот на општина Дебрца, а се разговараше и за можностите за меѓусебна соработка, посебно на планот на имплементација на заеднички проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија, кои би се финансирале со средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош (ИПА 2) на ЕУ, а со оглед на тоа да и градот Елбасан и општина Дебрца влегуваат во општини од прекуграничните области на двете соседни држави.


„Изразувајќи благодарност за приемот, Градоначалникот на Елбасан го поканив да биде мој гостин и да ја посети општина Дебрца.“ – кажа Ногачески по средбата.

На средбата присуствуваа и претставници на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста Охрид, кои денес беа гости на сродните здруженија, нивни партнери од Елбасан и Тирана.