Градоначалникот Ногачески присуствуваше на свеченото доделување свидетелства на учениците од IX одделение при ОУ „Дебрца“

Денес во ООУ „Дебрца“ градоначалникот Зоран Ногачески присуствуваше на предавањето на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование.

„На сите полуматуранти уште еднаш им го честитав завршувањето на основното образование и им посакав многу успех во понатамошното образование.

На настанот, по предлог на наставниците, на ученикот Јана Дуклеска, во име на општина Дебрца, и доделив плакета за првенец на генерација, а на учениците Емилија Целакоска, Христина Николоска, Мартина Бимбилоска и Александар Дуклески плакети за ученици на генерација.

На првенецот на генерација општината доделува и парична награда, во износ од 10.000 денари, а на учениците на генерација во износ од 5.000 денари.

Како општина остануваме посветени на поддршката на сите ученици, а посебно на учениците кои покажале одлични и особени резултати во образовниот процес.“ – изјави градоначалникот Ногачески по повод свечениот настан.