07/10/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески се сретна со претседателот на АК „Брег на младоста“ Стевоски

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески денес се сретна со претседателот на Акцијашкиот Клуб „Брег на младоста”, од Охрид, Зоран Стевоски.

Повод за средбата беше јубилејот 40 години од учеството на Младинската работна бригада “Дебрца” на СРМА “Плачковица 78”.

„Овие денови волонтерите-акцијаши од “Брег на младоста” беа во посета на Плачковица, Штип, на одбележувањето на 40 година од СРМА “Плачковица 78”, при што превозот беше обезбеден од општина Дебрца.

На денешната средба ми беше предадена реплика од знамето на Младинската работна бригада “Дебрца”,како и копии од наградите и признанијата што ги добила бригадата.

Разговаравме за продолжување на соработката помеѓу општина Дебрца и Клубот “Брег на младоста”, анимирање на учениците од ОУ “Дебрца” во Клубот, формирање на клуб на волонтери-акцијаши од општина Дебрца во рамки на Здружението “Брег на младоста”, планирање и реализација на волонтерски акции во општина Дебрца.

Во секој случај, корисна средба и потсетување на едно минато и многу убаво време на младинско акцијаштво и ударништво.“-вели градоначалникот Ногачески.