28/03/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески се сретна со претседателот на МЗ Мраморец, претседателот на Црковен Одбор и со ЗП Охрид и Дебрца

Кога се приближува крајот на годината вообичаено се прави ретроспектива на тоа што сме постигнеле, а што не во годината, како и подготовка на годишните програмии буџетот на општината за наредната година.

Со цел да се чујат потребите на граѓаните во наредниот период градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески отвора јавна дебата со месните заедници, граѓанските организации, граѓаните, а заради утврдувањето на програмските приоритети.

Во таа насока, градоначалникот Ногачески денес оствари две работни средби.

Првата, со Претседателот на Месната заедница с.Мраморец, Љупчо Настоски и Претседателот на Црковниот одбор, Дончо Ристески, на која разговарале за приоритетните потреби на село Мраморец ( крпење на ударните дупки на патот до селото, тампонирање на една уличка во должина од 200 метри, подобрување на уличното осветлување и друго ). Приоритетите ќе бидат вградени во годишните програми за 2019 година.

Втората, со раководството на Здружението на пензионерите за општините Охрид и Дебрца, на која со задоволство ја потенцирале успешната и плодна соработка во годинава што изминува, со ветување дека и во наредната година како општина ќе ги поддржат програмските активности на здружението, ќе обезбедат превоз за излетничките патувања на пензионерите, а по утврдувањето на методологија и договор со општинските линиски превозници ќе го исполнат и ветувањето на пензионерите од Дебрца еден ден во седмицата да им обезбедат бесплатен општински линиски превоз до градот Охрид.