25/04/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески со честитка за Голема Богородица

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески по повод празникот Успение на Пресвета Богородица- Голема Богородица упати честитка до верниците од православна вероисповед.

„На сите верници од православна вероисповед Ви упатувам искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

Денот е прекрасен и затоа и денеска да испратиме порака дека како што се воздигнала Богородица и се искачила кај своето чедо Исус Христос, така заедно сите да се воздигнеме во вредностите кои се наше секојдневие – да бидеме добри луѓе, да подадеме рака, да помагаме, да се сакаме, да се почитуваме.

За многу години.“- стои во честитката.