28/03/2024
Охрид

Градоначалникот Пецаков го посети Центарот за третман на деца со аутизам

Во посета на Центарот за третман на деца со аутизам кој функционира во просториите на Општа болница Охрид, беше градоначалникот Кирил Пецаков. Од страна на вработените беше запознаен со начинот на фукционирање и работење на Центарот, но и за нивните потреби.

Локална самоуправа се обврза да изнајде начин за субвенционирање кој ќе биде финасиско олеснување на родителите чии деца го посетуваат Центарот. Дополнително она што било обврска на Општина Охрид за изградба на нови пристапни скали, а не се реализирано до сега, во најкус рок ќе се пристапи кон реализација.

Носител на проектот за отворање на овој центар е Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам „ВО МОЈОТ СВЕТ“.


WebOhrid / 14.12.2021 / Општина Охрид