15/07/2025
Охрид

Градоначалникот Пецаков оствари средба со амбасадорот на Ирска, Брендан Вард

Протоколарна средба денес градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков оствари со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт кој ја покрива и Република Македонија, Брендан Вард.

На средбата се разговараше за актуелни политички теми и претстојните локални избори. Исто така се разговараше и за активностите кои Општина Охрид ги презема согласно препораките од УНЕСКО. Стана збор и за туризмот како и за други области во кои би можело да се оствари соработка.

Соговорниците ја потенцираа важноста од културната размена како и можностите за гостување на ирски уметници во Охрид во рамки на фестивалите кои се одржуваат во летниот период.


WebOhrid / 02.07.2025 / Општина Охрид