Градоначалникот Ќура го посети првото бебе родено во Струга оваа година
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денес ја посети мајката Милица и нејзиното новороденче – малата Надја, првото бебе родено во Струга оваа година.
Надја се роди со тежина од 4.210 грама и во одлична здравствена состојба, заедно со нејзината мајка Милица, за која ова е трето дете. Овој радосен настан носи посебна симболика – нов почеток, надеж и радост за целото семејство, но и за нашата заедница.
Градоначалникот им упати искрени честитки и желби за добро здравје, среќно и бериќетно детство на малата Надја, како и многу љубов и радости во семејниот дом.
„Посебна благодарност упатуваме до директорот Бунчески и целиот медицински персонал на Гинеколошко-акушерското одделение, кои со професионалност, посветеност и човечка топлина, и по целоноќно дежурство, нè пречекаа со насмевка и искрено добредојде.
Честитки до д-р Виолета Насуфи Расиди, раководител на одделението, како и до акушерскиот тим кој учествуваше во породувањето и грижата: главната акушерка Гордана Пејоска, дипломираните акушерки Снежана Миливојевиќ и Татјана Кутаноска, како и акушерката Марјана Петреска – вашата работа значи сигурност, доверба и нови животи во нашиот град.
Добредојде, мала Надја ![]()
Да растеш со љубов, здравје и многу радости.“ – истакна градоначалникот Ќура.
