19/04/2024
Охрид

Градоначалникот Стојаноски дел од училишниот весник на ОУ „Св.Климент Охридски“

Учениците од литературната  секција при ОУ „Св. Климент Охридски“ денеска беа во посета на општина Охрид и го интервјуираа градоначалникот Јован Стојаноски. Интервјуто целосно ќе биде објавено во  годинешното пообемно издание на   училишниот весник што  ќе се издаде по повод 120 години од постоењето на оваа образовна институција.

Градоначалникот  Стојаноски во  разговорот со учениците се присетува на своите училишни денови во ова охридско училиште , а покрај неговиот текст кратки разговори ќе бидат објавувани и со  останати охриѓани кои учеле таму.