16/04/2024
Охрид

Градоначалникот Стојаноски го посети ОУ„Св.Климент Охридски“

Градоначалникот Јован Стојаноски денес го посети ОУ “Свети Климент Охридски“, каде беше запознаен со новите технолошки методи,кои се применуваат во училиштето. Директорката Наташа Танеска го запозна градоначалникот Стојаноски со Кабинетот за дефектологија и сензорната соба, кои се користат за настава за децата со посебни потреби. Градоначалникот Стојаноски направи обиколка и на Кабинетот за музичко образование, спортската сала и отвореното игралиште.

На средбата градоначалникот Стојаноски изрази подготвеност за подобрување на одредени услови во училиштето, за поуспешно спроведување на наставно образовниот процес.