25/04/2024
Охрид

Градоначалникот Стојаноски оствари средба со босанската амбасадорка Лепа Бабиќ

Градоначалникот Јован Стојаноски, денес, оствари средба со босанската амбасадорка во Република Македонија, Н.Е. Лепа Бабиќ. На средбата се разговараше за остварување меѓусебна соработка на повеќе полиња. Се разговараше за интензивирање на соработката во туризмот, односно, подобрување на понудата за остварување на се повеќе балкански тури. Понатака, градоначалникот и амбасадорката, разговараа и за остварување на соработка во областа на културата, односно, гостување на босански уметници на „Охридско лето“.

На средбата стана збор и за продлабочувањето на меѓусебните односи со градот Мостар, со потпишување на меморандум за соработка.