28/03/2024
Охрид

Градоначалникот Стојаноски потпиша Декларација за отвореност, отчетност и транспарентност на Локалната самоуправа

Градоначалникот д-р Јован Стојаноски ја потпиша Декларацијата за отвореност, отчетност и транспарентност на локалната самоуправа. Декларацијата, која ја иницира невладината организација „Метаморфозис“ ја потпишаа триесет градоначалници од Република Македонија.

ДЕКЛАРАЦИЈА за отвореност, отчетност и транспарентност на Локалната самоуправа