28/03/2024
Охрид

Градоначалникот Стојаноски присуствуваше на одбележувањето на празникот Спасовден

На денешното одбележување на големиот верски празник Вознесение на Господ Исус Христос – Спасовден, што се одржа во манастирот „Вознесение Христово – Свети Спас“ во селото Горно Лакочереј, присуствуваше и делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Јован Стојаноски.

Чествувањето започна со служење на света архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, а продолжи со голем црковно народен собир.