29/03/2024
Охрид

Градоначалникот Стојаноски со честитка по повод католички Велигден

Градоначалникот Јован Стојаноски, по повод католички Велигден, упати честитка до сите граѓани од католичка вероисповед.

„Со особено задоволство и радост, на сите граѓани од католичка вероисповед, им ги честитам Велигденските празници и им посакувам здравје, среќа, Христова љубов, верба во срцата, надеж и спокој. На овој голем празник кога се слави победата на животот над смртта, да се присетиме на универзалните вредности, меѓусебното почитување, солидарноста и взаемното помагање, кои на секој од нас ни помагаат да ги надминеме предизвиците и да ја здогледаме светлината на иднината. За да го доживееме Воскресението Христово, од кое се роди богоугодната радост, ние треба да живееме во духот на вистината и правдата, во духот на трпението и милосрдието и во духот на вербата во добрите дела. Празнувањето на Воскресението Христово – Велигден нека ни носи нова радост, среќа и бериќет, нека ни дава сила да се справиме со искушенијата, да се почитуваме и да ја градиме подобрата иднина“, стои во честиткатата од градоначалникот Стојаноски.