20/04/2024
Охрид

Градоначалникот Стојаноски учествуваше на Светскиот самитза технологии и иновации во Бугарија

Градоначалникот на Охрид,  Јован Стојаноски учествуваше на најголемиот Светски   самит   за   технологии и иновации ,,WEBIT,, што од   25 до 27 јуни се одржа  во Софија – Бугарија.

Првиот човек на Охрид, имаше активна улога и учествуваше на Панел дискусијата на тема ,,Новите технологии и нивното влијание врз мобилноста, транспортот, здравството, инфраструктурата, енергетиката и финансиите. Од негова страна  Охрид беше претставен како дел од семејството на градови, кои со примена на најновите научни методи и сознанија, употребувајќи ги најновите технологии, се стремат да го постигнат концептот на ,,Smart Sity,, – град кој треба да овозможи услови за подобар, похуман и поквалитетен живот за своите граѓани, притоа водејќи сметка за развојот но и заштитата на природата. Неговата дискусија предизвика голем интерес кај учесниците, а посебно излагањето за постигнувањето на баланс помеѓу заштитата на природното и културното наследство и развојот на градот.  Во рамки на учеството на овој светски реномиран настан градоначалникот Стојаноски  оствари бројни средби со своите колеги од Бугарија, Грција, Шведска, Норвешка, Данска, Австрија и други земји.

Годинава на самитот  за технологии и иновации  „WEBIT“ во Софија учествуваа претставници од 110 земји, и над 1.000 високи државни функционери, премиери, министри, комесари на Европската Унија, градоначалници и оснивачи и извршни директори на најголемите светски компании. На нас се одржаа бројни сесии и панел дискусии од повеќе области како: Самит за финансии, самит за дигитална забава и медии, самит за светско поврзување и трендови, самит на паметни градови како и посебен дел посветен на презентација на нови иновативни технологии.