16/04/2024
Охрид

Градскиот хор „Вокс Лихнидос“ ќе учествува на Меѓународен фестивал во Питешти, Романија

Охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ деновиве ќе учествува на реномираниот Меѓународен фестивал за хорска и инструментална музика „Д.Д Киријак“, што ќе се одржува во Романија.

По одличниот настап пред една недела во Тетово, на фестивалот „ТЕХО 2019“, хористите предводени од диригентот Бурим Хидри од 21-ви до 24-ти јуни ќе бидат дел од 27-то издание на фестивалот „Д.Д Киријак“, кој се одржува во градот Питешти.

Според програмата, охридскиот хор ќе настапи во сабота и недела, а ќе изведат вкупно осум хорски и религиозни композиции.