25/04/2024
Охрид

Група ученици од ОУ „Христо Узунов“ во посета на Институтот по физика

Група од околу дваесеттина ученици од ОУ „Христо Узунов“ – Охрид, кои во учебната 2017/18 год. учествувале на различни регионални, државни или меѓународни натпревари поврзани со предметот физика, под менторство на наставничката по физика Вера Зороска, денес го посетија институтот по физика при Природно математичкиот факултет. Учениците имаа можност да проследат интересни и корисни предавања од страна на проф. д-р Оливер Зајков и да учествуваат во изведување експерименти и мерења.

„Голема благодарност до професорот Оливер Зајков за укажаната можност! Но, она што е достојно за почит и поздравување е гестот на охридската фирма АСП-ПАК ДОЕЛ која целосно ги подмири патните трошоци, додека пак фирмата ВИВС-ТРЕЈД донираше освежување за учениците по патот. Ова е редок пример за награда на учениците кои вредно работеле во текот на целата година! Децата се нашата иднина, затоа вреди да се инвестира во нив!“- велат од училиштето.