Холанѓанка пронајдена мртва во хотелска соба во Струга
На 03.07.2019 година, во соба во хотел во Струга, почината била пронајдена В.С.(27) од Кралството Холандија, која бил дел од група туристи. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.