Хоризонтална сигнализација на крак од улицата „Даме Груев“

Со поставувањето на хоризонтална сигнализација се комплетира проектот за реконструкција на кракот од улицата „Даме Груев“. Обележувањето се изврши по сите сообраќајни стандарди.

Претходно на улицата беше извршено асфалтирање, уредување на пешачките патеки од двете страни на улицата и беа поставени нови рабници.