24/04/2024
Охрид

Хоризонтално обележување на неколку улици во Охрид

Се известуваат сите учесници во сообраќајот  односно  сопственици  на моторни возила, дека во наредните денови за време на полицискиот  час (петок, сабота и недела), општина Охрид ќе врши обележување на хоризонтална сигнализација во централното градско подрачје.  Поради тоа се молат сопствениците да ги отстранат своите возила од паркинг просторите на подолунаведениве  улици, се со цел непречено одвивање на активностите.

Паркинг простор на улиците: „Булевар Македонски Просветители“, „Кеј Македонија”, „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Кузман Јосифовски Питу“, „Ванчо Николески“, „Серафим Китаноски“, „Страшо Пинџур“, „Караорман“, „Мите Богоески“ и „Даме Груев“.