Хумани и креативни активности на младите на Црвен крст Охрид

После успешната обука на преку 40 младинци од 14-18 години вклучени во националната програма Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА), од денес па во наредните два месеци младинците организирани во 7 тимови започнуваат со работа на терен во истражување на потребите на заедницата, пронаоѓање на целни групи и спроведување на најразлични креативни активности со цел обезбедување на средства за конкретна помош на оние на кои помошта им е најпотребна. Малите проекти кои ќе ги изработат и реализираат младите на Црвен крст Охрид ќе бидат од големо значење за пошироката заедница.

Денес и утре на Кеј Македонија во Охрид од 12-17 ч. каде еден ПХВ тим ќе организира хуманитарна продажна акција на интересни производи.

Млади талентирани музичари од друг ПХВ тим, утре недела, на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ од 14 ч. ќе ве забавува со прекрасни музички изведби.

Се покануваат и охрабруваат нашите сограѓани да ги препознаат и поддржат хуманите и креативни активности на младите на Црвен крст Охрид преку кои заеднички ќе придонесеме да помогнеме и израдуваме многу семејства во нашата заедница, кои живеат во социјален ризик.