28/03/2024
Македонија

Хуманитарен базар за бездомните крзнени пријатели утре во скопската Зоолошка

Да помогнеме на нашите бездомни крзнени пријатели! Многу кучиња чекаат да го најдат својот дом, многу од нив чекаат лекување, операции, храна, топли ќебенца, куќички.

Во недела (03.03.2019) од 12:00-15:00, во Зоо Скопје ќе бидат поставени кутии за донации, а на влезот ќе има Зоо базар, каде што ќе бидат поставени штандови со сувенири, привезоци, маички со животински принт. Сите собрани средства од штандовите, ќе бидат наменети за спасување на животот на многу крзнени пријателчиња.

Во оваа благородна акција учествуваат и голем дел граѓански активисти и здруженија за заштита на животните кои несебично секојдневно помагаат на бездомните животни.

Да ги научиме најмалите за љубовта кон животните, емпатијата и помагањето на послабиот, а сепак најискрен човеков пријател.