19/04/2024
Охрид

Хуманитарен музички настан за помош на малата Мила

Во среда, 25-ти април, во „Liquid cafe“ ќе се одржи хуманитарен музички настан за помош на малата Мила, која има 15 месеци и боледува од дистрофија (оштетување на мозокот), поради што итно и е потребна операција во Кина, мај 2018. Настанот е во организација на млади музичари од Охрид и Лајанс клубот Лихнидос, а ќе се одржи со почеток во 21:30 часот.

На хуманитарниот музички настан ќе настапат Камелеон, Backdoor Band, Betty’s Boobs,  No Fun и High 4. Влезот чини 100 денари.