18/04/2024
Охрид

Хуманитарна акција „Од децата – За децата“ во ОУ „Живко Чинго“, Велгошти

Во ОУ „Живко Чинго“ Велгошти, се спроведе хуманитарна акција под мотото ,,Од децата – За децата“. Акцијата беше во соработка со учениците, родителите и вработените.

„Во нашето училиште со членовите од Подмладокот на црвен крст при ОУ ,,Живко Чинго“ Велгошти се спроведе хуманитарна акција под мотото ,,Од децата – За децата“. За таа цел беа донирани средства за хигиена и прехранбени производи. Голема благодарност до сите хумани луѓе кои учествуваа во оваа хуманитарна акција.“- велат од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти.