07/10/2024
Охрид

Хуманитарна акција по повод Рамазан Бајрам

Во духот на меѓусебното почитување и соживот, Општина Охрид традиционално години наназад организира Ифтарска вечера за граѓаните од муслиманска вероисповед.

Поради моменталната ситуација, во присуство на Муфтијата Семет Ајдари, Градоначалникот Георгиески донираше 100 социјални пакети на Исламската верска заедница кои ќе бидат поделени на социјално загрозените граѓани. Ова е само мала порака за хуманост и солидарност во овие тешки денови и има за цел зајакнување на односите на граѓаните во општина Охрид.