19/04/2024
Охрид

Хуманитарна забава – Од срце за Јана Арсовска

Во Охрид, на ден 19.08.2018 (недела),со почеток во 20 часот, ќе се одржи хуманитарна забава за помош на Јана, која повторно се наоѓа на лекување во Германија, на малтешката клиника во Фленсбург, и во следниот период треба да и се изврши трансплатација на коскена срж.

Забавата ќе се одржи на бродовите:  АЛЕКСАНДРИЈА, АЛЕКСАНДРИЈА 2, ГАЛЕБ И КРИСТИНА РОЈАЛ. На забавата свое учество потврдија SHINE ( Дамјан Пејчиноски и Јордан Манов), групата BATLER, DJ FACE… 

Со цел да го помогнеме нејзиното лекување, како и престојната медикаментска фаза и идните контроли кои треба да се прават во клиниката, ја организираме оваа хуманитарна забава, и се надеваме дека и Вие ќе помогнете со вашето присуство и хуманост.“- велат организорите на настанот.

Картите за овој настан ќе се продаваат на пултот од бродовите Александрија на градското пристаниште во Охрид, од четврток 16.08.2018 до сабота 18.08.2018, во периодот од 10 часот до 22 часот, по симболична цена од 200 денари. Вкупниот промет од продажбата на картите и пијалоците ќе се префрлат на трансакциската сметка на Јана.   

Име Презиме: Јана Арсовска

АдресаЃорче Петров 14г

Бр. Сметка 530500010490410 во Охридска банка

ДознакаДонација

Контакт и информации: 077854758; 070374103; https://www.facebook.com/aleksandrijaboatohrid