24/04/2024
Писма/Колумни

И куче и маче – Зад предлогот на СДСМ за преференцијално гласање со една изборна единица

Насловот е позајмен, или покраден – сеедно, од Геро. Од една дебата, море дебела расправа со него, кога, во Бранково доба, повикуваше: И куче и маче со СДСМ!

Да појаснам. Расправата беше на тема: Дали се што доага од СДСМ треба, априори, да се поддржува, односно – дали се што доага од ВМРО ДПМНЕ, треба, исто така априори, да се одбива. Геро беше, априори – ЗА (И куче и маче со СДСМ), јас бев, априори – НЕ.

Поминав километри и килемтри во животот и професијата и неколку ститини метри – непотребен луксуз, или, излет во политиката. Едно знам: Сo светот (и со СДСМ!) владеат мажите, а со мажите – жените!

Како што, исто така, знам дека политиката на ВМРО ДПМНЕ, се сведува на метафорта од Бориев, за нишањето на возот. Важна е перцепцијата дека тој се движи, иако, всушност, стои на место!

Искрено, очекував дека ВМРО ДПМНЕ, ќе истрча прва со став за предвремени изсбори, со една изборна единица и преференцијално гласање. Природно беше тоа да го побара опозицијата, како што тоа го бара опозицијата од албанскиот политички блок.

ВМРО, како по правило, задоцни, му ја препушти иницијативата на СДСМ, остана на барањето за предвремени избори, a за другото – остана да го ниша возот!

Да беше жив Мате од Битола, легендарниот навивач на ”Пелистер” (ракометниот клуб, а не фирмата на Сиљан Мицески кој се расфрла со милиони евра како од небото да му капат!), ќе им кажеше на челниците од ВМРО ДПМНЕ: Сега му е мајката!Кога Пелистерци ќе заводеа, а противникот ќепапсаше,Мате извикуваше Сега му е мајката! Облечен како кловн, со висока паларија на главата, фрак и тапанчето пред него, над дебелото меше.
Но, на аризан коњ заби не се бројат! Сега му е мајката сите да застанеме во стројот на Заев, за нов изборен закон (но и нова регулатива за финасирање на политичките партии), за една изборна единица, за преференцијално, европско, гласање, какво што, на пример, применува Хрватска.

Да бидеме начисто: Заев и СДСМ, ова не го направија од тоа што сакаа, туку поради тоа што мораа! Требаше да им се случи “посрнуќе!”, за да ја видат дека ја фатиле удолницата, за да подзастанат, да видат дека Заев е оставен сам (не гопотценувам Оливер Спасовски, напротив), дека со светот владеат мажите, а со мажите – жените!

Пред месец дена, кога СДСМ влезе во агонијата (сега дури и Палмер од преку океанот бара што побрзо да земе душа!), на другарот Заев му напишав: Ако Бога знаеш, направи го последното штро можеш да го направиш, како што глаголиш, “за нашата Македонија”. Дај му на народот можност да избира во една изборна единица, со отворени листи, нека си ја избере и преземе одговорноста за натамошниот опстој на државата.

Не се преценувам со некаво влијание, но ете, скромно ги повикувам сите политички чинители, сите што нешто значат во оваа кутра земјичка – интелектуалците, академската заедница, опинион мејкерите, сите чиј “збор се јаде”, пред се, моите колеги – новинарите, да застанат зад потегот на СДСМ, колку и да е тој изнуден, да застанат за спас на Македонија.

Пред некој ден, на изјавата на Заев, дека ќе ја руши диво изградената пицерија на Семоќниот Нефи Усеини, подигната, над светоста од корените на столетниот чинар, “и по цена на коалицијата во Охрид!”, скромно му посоветуива, да заборави на “ветувања со преголема брзина”, затоа што не е во прашање опстојот на локалната, туку централната коалиција.

Слушнавте ли што рече Бујар Османи? Први ќе ја рушат пицеријата, ама ако Заев обезбеди неселективно рушење! Нели тоа звучи како условувањље, како Ќпреѓи бриго на другога!”?

Зошто тоа да го обезбедува другарот Заев, а не зоти А(х)мети? Зошто другарот Заев, а не и другарот Тито, на приме!? Зошто?

Па нели се тие едно, мислам со еднаква одговорност? Како тоа заедничката бразда ја копаат некој испечен на сонце, а некој залегнат во длабока сенка?Некој душа бери, а некој само си го топори!

Нема да ми поверувате. Бидејќи и самиот мешав во таа манџа, во 2005 година, крв испоплукав во Четвртата изборна единица за да изборам пратенички мандат.И го изборив, иако таму ме испратија да изгорам, а не да изборам!?

Како и да е изборивме седум мандати, со НСДП. Наши, тешко спечалени. Денеска, другарот Тито,откако од комодитет, го поплука сиот тој напор, има исто толку позиции – со два подарени мандата!? Јавноста не ги знае, затоа што тој ги крие како змија нога, затоа што има свој промотор, или промоторка во СДСМ, затоа што со светот владеат мажите, а со мажите – жените!

Ако Заев е паметен, ако навистина ја сака “нашата Македонија”, оваа работа да ја истурка до крај – за наше добро. Не му треба султан партија. Не му требаат предизборни – омнибус коалиции. Не му требаат зад него политички рестлови – хиени, кои ништо не носат, а први се кога ќе намирисаат свежа крв од изборниот плен!
Се разбира, истото важи и за Мицкоски.

И за Ахмети.

Со една изборна единица, партиите ќе бидат развластени. Демократијата и одговорноста ќе влезе во нив,а потоа и во општеството. Ќе се обезнажи фамозниот Мајски договор Груевски – Ахмети, од 2008 година, особено што Ахмети, веќе, го погази. И незнам од каде му е правото и натаму да инсистира на формирање власт по принципот – победник со победник?Тоа е непримерно поптценување на гласачите Албанци.

Политиката и фактите не секогаш говорат со ист јазик. Ќе се обеснажи и влијанието на “Меѓународната”. Едно е да имнаш работа со еден, или двајца преговарачи, а сосема друго, ако во парламентот има политичко шаренило од десетина актери.

Секако, на почетокот,ќе ја имаме италијанската мака, за нестабилна влада.

А, зарем, досегашните влади и владари, беа стабилни? Ова, читајте го, во медицинска конотација.

Веле Митаноски

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.