24/04/2024
Охрид

Иако била разрешена, си земала плата како директор

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.С.(67) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во периодот од 23.07.2017 година до ноември 2017 година пријавената, како помошник директор на Јавното претпријатие ,,Охридски комуналец” – Охрид, и покрај тоа што била разрешена од функцијата директор на јавното претпријатие, си доделувала плата како директор.