29/03/2024
Дебрца

Игор Крцоски ги најави предвидените проекти за развој на општина Дебрца 2021-2025

Кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, Игор Крцоски – Манце, од редовите на СДСМ, ги најави предвидените проекти за развој на општина Дебрца во периодот од 2021 до 2025 година.

🔝Топ проекти предвидени во нашата програма за работа и развој на општина Дебрца за периодот од 2021 до 2025 година:

✅ЗЕЛЕНА АГЕНДА ЗА ДЕБРЦА
Во рамките на овој проект ќе се работи на 3 поголеми фронтови и тоа:
❕Комунална сфера
-јакнење на капацитетите на комуналното претпријатие самоуправа
-чистење на диви депонии и нивно трајно решавање
-набавка на механизација за одржување на канализациона мрежа
-набавка за садови за комунален отпад на ниво на цело општина
-набавка на цистерна за миење и чистење улици, плоштади
-модернизација на возилата за комунална хигиена
-уредување на централни селски подрачја со зеленило, и нивно редовно одржување
❕Алтернативни и обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност
-стратегија за енергетска ефикасност
-влог во енергетско-ефикасни објекти
-субвенции за замена на столарија, енергетско-ефикасни фасади, поставување фотоволтаици
-обуки за енергетска ефикасност
-воспоставување систем за рециклирање
❕Органско производство
-помош и поддршка за производителите на органски производи
-уредување и санација на полски патишта за пристап до земјоделски површини
-поддршка за набавка на механизација
-награда за најдобар млад земјоделец

✅ДЕБРЦА-ДЕСТИНАЦИЈА ЗА АЛТЕРНАТИВЕН ТУРИЗАМ
❕Стратегија за алтернативен туризам
❕Развој на промотивни материјали
❕Пилотирање проекти за алтернативен туризам
-мапирање и поставување сигнализација за планински патеки, вело-патеки, патеки за мото-крос…

✅ДЕБРЦА ВО ЕКОНОМСКИ ПОДЕМ
❕Изнајмување-субвенционирање за изнајмување на локал тезги во пазарите во Охрид/Струга за пласман на производи
❕Помош при брендирање и е-продажба на производи (ајвар,мед..)
❕Воспоставување соработка со иселеници
-годишен економски форум
-јавно-приватно партнерство
–правна помош за воспоставување бизнис

✅МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ-ДВИЖЕЧКА СИЛА ВО ДЕБРЦА
❕Интензивирање на соработка
❕Е-заедница
❕Воспоставување на форуми во зедницата како алатка за зајакнување на демократско владеење на локалната самоуправа
❕Поддршка и зајакнување на работата на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови): групи за развој и имплементација на мали рурални проекти

#Заокружи12 за најдобрите проекти за развој на Дебрца!✔️  – истакна Крцоски.